Сдсм бара итна оставка на Христовски, Мицкоски очекува ДКСК да го истражи случајот
Итна оставка на директорот на АНБ и одговорност за прекршување на законот, побара денеска СДСМ. Од опозициската партија тврдат дека Бојан Христовски нема соодветен меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик а поседување на фалсификуван документ е криминал.
- Бојан Христовски не ги исполнува законските услови за позицијата директор на АНБ. Свесното кршење на законите и принципот на „владеење на правото“ е показател за начинот на кој оваа Влада се однесува кон правната држава. Сведоци сме на фрапантен пример каде Мицкоски и неговите соработници прават „превласт“ над институциите, поставувајќи луѓе без квалификации на клучни позиции.
Итна реакција на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), која треба да ги потврди информациите и да се изјасни по ова прашање. Повикуваме на транспарентна истрага, која ќе утврди кој го овозможил ова кривично дело и кој е одговорен за неговото назначување, изјави Методија Илиевски од СДСМ.
За премиерот ова се подметнувања од кодошко-удбашки инсталации и побара соодветна институција а не СДСМ да ја констатира реалната состојба. Мицкоски вели дека сите услови согласно закон биле исполнети. И тој ја повика антикорупциска иитно да се изјасни.
- Единствен којшто треба да констатира дали тие услови се исполнети е Антикорупциската комисија. Ги повикувам да истражи брзо, на брза трака да го стави овој случај како прв приоритет и нека истражи.
- Јас сум убеден дека ги исполнува, зарем би дозволиле вакво нешто. Тој од 2022 е издаден, дали во меѓувреме постоела или не таа агенција, тоа е друго прашање, вели Христијан Мицкоски претседател на Влада.
Бранувањата во јавноста за Бојан Христовски настанаа кога бугарскиот портал Фактор објави дека во Пловдив не постои овластен центар за полагање и добивање на меѓународни серификати. Порталот исто така објави дека според регистарот на училишта во Бугарија нема такво со името што го кажал Христовски.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар