Свет
21. October 2019 - 14:21

Сцена како од хорор филм: Еве што затекна Американец во својот подрум, во куќата лоцирана до кланица

Ник Лестина од Белгија, во Ајова, во подрумот од својата куќа затекнал страотна глетка.

Најмалку 10 сантиметри крв и друг животински отпад од блиската кланица се излиле во неговиот подрум преку сливникот.

„Некои работи едноставно не сакате да ги видите“, рече шокираниот Лестина.

Тој покрај овој објект во кој се складира месо живее веќе 10 години и никогаш немал никакви проблеми поради тоа.

Заводот за јавно здравје му порача на неговото семејство дека не е безбедно да живеат во куќата, па така се преселиле кај роднини додека не се реши проблемот.

„Дојде екипа за чистење, но ништо не можат да започнат додека течноста не престане да се излева. За жал, нема поместување зошто треба да се поклопат и временските услови за решавање на овој проблем, потребно е суво време“, рече тој.

За среќа, Лестина во подрумот држел само некои стари работи, но вели дека од таму во куќата се шири ужасна смрдеа.

Во кланицата велат дека од некоја причина сиот отпад завршува преку одводот во куќата на Ник Лестива, што никогаш претходно не се случувало текот на складирањето на животинските остатоци, па веројатно негде дошло до затнување.

Исто така, се поставува прашање дали е легално воопшто да се складира животинска крв и други остатоци.

Кланицата се извини и работи на отстранување на проблемот, а Лестина проценува дека чистењето ќе го чини околу 2.000 долари.