СБ: Модуларната болница во Тетово градена според меѓународните и домашните стандарди
Модуларната болница во Тетово била градена според меѓународните и домашните стандарди, a планот за заштита од пожари требало да го изработи и спроведе болничкиот персонал под раководство на директорот на болницата во Тетово, информираат од Светска банка за „Дојче Веле“.
Тендерот за изградба на тетовската, како и на останатите 16 модуларни болници ширум земјата во октомври 2020 година беше спроведен согласно домашната регулатива и правилата на Светска банка, од каде македонската Влада зеде заем од 3,8 милиони евра.
Од „Дојче Веле“ потсетуваат дека од Општина Тетово веќе излегоа со тврдење дека тие немале никаква надлежност во фазите од изградбата и контролата на објектот, а надлежните во болницата досега немаа никаква реакција, што се должи и на тековната истрага.
– Проектната листа за изградба на модуларните болници вклучуваше конкретни мерки фокусирани на заштита од пожари и подготвеност за итни случаи за време на изградбата, а исто така постоеше обврска да се воспостави „План за заштита од пожари“ на почетокот на работата на објектот, објаснува за „Дојче Веле“ претставник на Светска банка. Тој план требало „да се изработи и спроведе од назначениот болнички персонал под одговорност на директорот на болницата“, дополнуваат оттаму.
Пожарот во модуларната болница во Тетово избувна на 8 септември вечерта, а настрадаа 14 луѓе. Владата и Министерството за здравство досега во повеќе наврати тврдеа дека градбите биле по сите светски стандарди и ги охрабруваа надлежните институции да си ја работат својата работа во текот на истрагата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов директор на ДЗС
-

Келог: Мировниот договор за Украина е „На последните 10 метри“
-

УЈП: Секоја четврта фирма не издава фискални сметки
-

ВМРО-ДПМНЕ најавува промени - СДСМ очекува предвремени избори
-

ВМРО-ДПМНЕ негира дека ќе се градат бегалски кампови, СДСМ тврди дека се подготвува национално предавство
-

Потребно е итна реформа на студиските програми според потребите на пазарот на труд
-

Младиот кадар, најголем дефицит во комуналниот сектор
-

Охрид ќе развива циркуларен туризам
