СБ: Македонската економија со забавен раст поради политичката криза
Македонската економија во следната година ќе има раст од 2,8 проценти, а во 2018 година 3,3 проценти, предвидува Светска банка во најновиот регионален извештај за земјите од Западен Балкан презентиран денеска во Скопје. Според извештајот за 2016 година, растот на македонската економија е 2,4 проценти.
Во извештајот се наведува дека растот значително забави како последица на намалените инвестиции кои беа погодени од политичката криза, а главен двигател на растот беше финалната потрошувачка, поткрепена од подобрувањето на пазарот на трудот и повисоките плати, како и трансфери од јавниот сектор.
Остварениот раст, според извештајот, продолжи да придонесува кон креирање работни места во Македонија, но коавторот на извештајот Марко Хернандез наведува дека 80 проценти од креираните нови работни места се со активни политики на Владата кои имаат фискални импликации.
Втора област која придонесува кон намалување на невработеноста се вработувањата во јавната администрацијата и оти тие, според него, заедно со вработувањата во образованието и здравството ќе бидат на прво место. Нови работни места, како што рече на презентацијата, се креирани и во странските директни инвестиции кои се исто така субвенционирани.
Тој порача дека треба да се направи анализа во одржливоста на овој модел на креирање работни места.
Во 2016 година, се наведува дека е намален фискалниот дефицит, главно, како што беше посочено, поради нереализирани капитални инвестиции, додека, пак, трошењата на социјални трансфери вклучително и пензиите се зголемени.
Порачуваат дека се потребни фискална консолидација и структурни реформи за да се стабилизира јавниот долг кој, како што беше истакнато, продолжи да расте во 2016 година.
- Долгот на Македонија се зголеми, што е загрижувачко, но не толку како во некои други земји во регионот и не е на ниво кое би укажало на некаква криза или проблем во сервисирањето, рече Елен Голдстин, регионален директор на Светска банка за Западен Балкан, која додаде дека земјата треба да се фокусира на намалување на тековните трошења на сметка на зголемени инвестиции и забавување на растот на задолжувањето.
Како ризици во Извештајот се наведени намалена продуктивност, односно ефикасност при искористување на физичкиот и човечкиот капитал, стареење на населението, кое ќе доведе до натамошно намалување на придонесот на трудот кон растот, намалување на активното население, посебно младото население, намалување на едуцирано население.
Од Светска банка сметаат дека инвестициите во инфраструктура и променетата извозна структура може да доведат до подобрување на продуктивност, доколку структурните реформи отпочнат и се успешни.
Во регионалниот извештај се наведува дека земјите од Западен Балкан растат со побрз чекор отколку во 2015 година, со тоа што регионалниот раст е предвиден на 2,8 проценти во 2016 година, односно 3,2 проценти во 2017 година.
Од земјите во регионот за 2016 година растот е највисок во Косово 3,6 проценти, 3,2 во Албанија, 2,28 во БиХ и Србија и 2,1 отсто во Црна Гора. За 2017 година се предвидува растот да се движи од 3,9 во Косово, 3,5 во Албанија, 3,3 во Црна Гора, 3,2 во БиХ и 3 проценти во Србија. За 2018 година највисок раст од 4,2 проценти треба да има во Косово, 3,7 во биХ, 3,5 во Албанија и Србија и 3 проценти во Црна Гора.
Ново на Сител
-
Во првиот квартал 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижности, запишани 2.596 хипотеки
-
Мицкоски: Поддршка за земјоделството, да купуваме македонски производи
-
Иран започна петти бран воздушни напади врз Израел, најави удари и на американските бази на Блискиот Исток
-
Уште една држава се придружи во БРИКС - Виетнам стана „земја партнер“
-
Го следеле, нападнале и му одзеле илјадници денари- Двајца осомничени за разбојништво
-
Сиљановска-Давкова прими американски и македонски професори кои соработуваат во областа на археологијата
-
Расте јазот меѓу богатите и сиромашните во Европа: Шведска е најнеправедна според распределбата на богатството
-
Иран и Израел продолжуваат со меѓусебните напади, нема знаци за деескалација