Македонија
14. јуни 2025 - 11:04

Го следеле, нападнале и му одзеле илјадници денари- Двајца осомничени за разбојништво

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, на 10 јуни, двајцата соизвршители одзеле пари од човек кој забележале дека разменува девизи. Го следеле и кога наближил кон неговата семејна куќа го удриле со тупаница по главата. Кога оштетениот паднал онесвестен му одзеле 172.000 денари и 37.460 српски динари, па веднаш избегале.

По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка определи мерка притвор во траење од 30 дена за двајцата осомничени.