Сатиричарот што го исмеваше Ердоган се соочува со тригодишна казна затвор
Германското обвинителство ја разгледува можноста да го затвори сатиричарот кој објави поема во која се исмева турскиот претседател. Според германските закони сатиричарот Јан Бехерман кој на државната телевизија ЦДФ го навредуваше турскиот претседател се соочува со тригодишна казна затвор доколу се докаже дека тој излегол од рамката која што го ограничува слободата на говорот.
Во своето шоу објавено пред една недела на ЦДФ Бехерман пред да ја објави поемата за Ердоган истата ја најави како пример за слобода на говор кој што не е дозволен во Германија.
- Ова дело би можело да биде толкувано како прекршување на членот 103 од кривичниот закон што забранува навреда на органи и претставници на странски земји, вели портпаролот на германското обвинителство Герд Дојчлер.
Пред да биде донесена одлука дали ќе се гони Бехерман обвинителството во Мајнц каде што е сместена телевизијата ЦДФ ќе се консултира со федералното Министерство за правда за да се утврди дали процесот ќе се води во име на Турција или во име на турскиот претседател Ердоган.
Германската канцеларка Меркел поемата против Ердоган ја нарече „намерно навредлива“ а дваесетина германски гледачи вложиле жалба против Бехерман пред соодветните германски институции.
Поемата на Бехерман кој е познат и по своето исмевање на екс грчкиот министер за финансии Варуфакис, беше објавена откако предходно Германија го отфрли дипломатскиот протест во врска со видео клип емитуван на телевизијата АРД.
Според германското МНР клипот во кој се исмева Ердоган за своите политички чекори е заштитен од правилата за слобиода на говор, што не е случај во поемата на Бехерман.
Турскиот претседател е најсилниот фактор кој што може да и помогне на Европа во обидот да се спречи бегалскиот бран со кој во последниве 18 месеци во ЕУ пристигнаа над два милиони бегалци.
Ново на Сител
-
ИДФ: Околу 900.000 Палестинци евакуирани од градот Газа
-
Сирија ги одржува првите избори по падот на Ал-Асад
-
Американски федерален судија привремено го блокира Трамп да испраќа војници во Портланд
-
Нетанјаху се надева дека сите заложници наскоро ќе бидат ослободени
-
Радев по телефонскиот раговор со Сиљановска Давкова: РСМ е подготвена да ни помогне во справувањето со последиците од поплавите
-
Една недела од изборната кампања за Локалните избори
-
Семакедонски православен христијански собор во Велес
-
Трамп: Примирјето во Газа ќе започне откако Хамас ќе ја потврди линијата на повлекување на израелската војска