Сасоли: Блокадата на Скопје и Тирана покажува дека се потребни реформи во ЕУ
Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли одговарајќи на новинарско прашање ја издвои блокадата на Македонија и Албанија во Европскиот Совет како пример зошто е потребна промена на правилата во Европската Унија.
Европскиот парламент е во процес на размислување за реформи во повеќе области на процесот на одлучување на ЕУ, како на пример во делот на правото на вето, на законодавната иницијатива на Парламентот, како и консултациите со националните парламенти, за да обезбеди пофункционална Европска Унија, порача шефот на Европарламентот.
– Видовте што се случи на последниот Совет, Парламентот, Комисијата, претседателството и 25 од 28 земји членки рекоа „да“ за почеток на преговори со Македонија и Албанија, но одлуката беше блокирана од три земји, затоа мислам дека е добро да ги ревидираме нашите правила, изјави Сасоли.
Како што јави дописничката на МИА од Брисел, тој истакна дека правилата на ЕУ се добри само ако водат до позитивни резултати и ги повика и медиумите да помогнат во пренесувањето на пораките на Парламентот и другите европски институциите.
Ново на Сител
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата „Рубикон“?