Македонија
30. March 2025 - 16:41

Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам

Со утринска молитва во сите џамии, 45 минути по изгрејсонце, започна празнувањето на Рамазан Бајрам. Бајрам се смета за еден од петте столбови на исламот и празник за духовно и телесно прочистување. Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз.  

Празникот, кој трае три дена, го означува крајот на едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. 

По повод празникот, честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ Реисул Улема, Шаќир Фетаи.

Денеска е денот кога доброто го победува и злото, порача и собранискиот спикер Гаши. 

Граѓаните од муслиманска вероисповед со скромни желби, да има мир и спокој во светот.

Честитки за Бајрам испрати и македонскиот државен врв, министрите и политички партии.

Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани, со оглед дека годинава се падна во недела, неработен е утрешниот ден, понеделник (31 март).