Македонија
30. March 2025 - 16:41

Апел за обука на угостителите

Да се престане со импровизации и да сe  преземат активности онака како што е предвидено согласно законската регулатива за поголема безбедност. Од Црвениот крст апелираат дека показните вежби во училиштата но и угостителските и другите објекти се од големо значење за справување во кризни ситуации .Секој треба да знае како да го спроведе планот за евакуација но и да им се презентира истиот особено на новите вработени во туристичкиот сектор во екот на сезоната.

Од Територијалната противпожарна единица велат дека стојат  на располагање на сите институции, училишта и  објекти   се со цел реалистично увежбување на плановите за евакуација, давање на совети и препораки.

Со вежбите од овој вид се зголемува степенот на организираност и брза реакција во случај на непогода.Несреќите се случуваат насекаде околу нас па поради тоа добро е да знаеме да интервенираме и да укажуваме прва помош.