Сара, Јана и Јована најчести женски имиња а Матеј, Тадеј и Александар најчести машки

Сара е најчестото женско, а Матеј најчестото машко име што граѓаните во земјава им го давале на своите новородени деца во текот на оваа година.
Според податоците на Управата за водење матични книги, меѓу најчестите имиња во 2020 година кај новородените женски бебиња се Сара, Јана, Јована, Марија, Софија, Асија, Елиф и Туана, додека кај машките деца најчести имиња се Матеј, Тадеј, Александар, Калин, Увејс и Дијар.
Како специфични имиња кои родителите изминатава година им ги даваа на своите новороденчиња се Антигона, Дуња, Аника, Валерија и Калија.
Според статистиката, минатата 2019 година најчести имиња кај новородените женски бебиња биле Дениција, Михаела, Јана и Катерина, додека кај машките деца најчести имиња биле Давид, Михаил, Стефан и Калин.
Ново на Сител
-

Трипуновски за Сител: 50 договори се стопирани по скандалот со директорот на Платежната агенција
-

Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-

Почнаа меѓукоалициските консултации за смени во Владата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Познат доктор и поранешен градоначалник го одбил Филипче
-

Опозицијата ѝ понуди помош на Владата по корупцискиот скандал во Платежната агенција
-

Судењето за пожарот во Кочани почнува во среда, надлежните ветуваат ефикасност
-

Ѓорѓиевски: Затвореници на платен список во Комунална, истрагата да се прошири и во Град Скопје
-

ДКСК ги отфрли сите изборни предмети
