Македонија
13. February 2021 - 10:52

Санкционирани 94 возачи во Центар, 17 биле под дејство на алкохол

Санкционирани се 94 прекршоци во сообраќајот при акциска контрола за санкционирање на возење под дејство на алкохол на територијата на Општина Центар, што ја спроведе во текот на вчерашниот ден Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 17 санкции се изречени за возење во алкохолизирана состојба, 10 за возење без возачка дозвола, една за нерегистрирано возило, 15 за некористење заштитна маска.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, истакнуваат во соопштение од МВР.