Македонија
9. March 2023 - 8:49

Санкционирани 232 возачи во Скопје, 73 за брзо возење

На територија на Скопје вчера се изречени вкупно 232 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, соопшти МВР.  Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за нерегистрирани возила...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.