Саниран полскиот пат во месноста Слатина
Со поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, саниран е полскиот пат во месноста Слатина, кочанско.
Целта е да се подобри сообраќајната поврзаност на земјоделските површини во полскиот регион со градот.
- Патот е долг околу еден километар и по подобрувањето на тлото и површинското тампонирање е во одлична состојба, така што е подготвен за земјоделска механизација. Неговата широчина според проектот беше планирана со 2,5 м, но забележуваме дека е проширен. Вкупната инвестиција е повеќе од милион денари. Со овој проект ги правиме подрачјата коишто се мочурливи, да бидат во секое време пристапни за нашите земјоделци, изјави градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.
Состојбата на овој фреквентен пат во Кочанско Поле пред санацијата беше лоша, односно поради пропаѓањето на тлото и огромните дупки, движењето на земјоделската механизација беше отежнато. Ова е уште еден напор повеќе на општината полските патишта низ плодното Кочанско Поле да бидат подготвени пред почетокот на пролетната сеидба на оризовата култура.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија