Свет
6. April 2016 - 12:00

Сандерс - трн во петата на Клинтон

Либерасион - Париз

Битката во прелиминарните избори на американските демократи и штети на популарноста на поранешната прва дама на САД, која и покрај сето тоа е сигурна дека ќе ја добие претседателска номинација, освен ако не загуби ненадејно на изборите во државата Њујорк во средината на април.

Убедени дека Хилари Клинтон ќе ја добие номинацијата, нејзините советници очекуваат едно единствено нешто - Берни Сандерс да се откаже од битката. Тоа ќе и овозможи на поренашниот државен секретар да ги насочи кон Доналд Трамп.

Но, кампот на Клинтон ќе треба да се помири со фактот дека Сандерс, за кого минатите недели беа најдобри во неговата кампања, нема никаква намера да се повлече или да ги скрати нападите против фаворитката на демократите.

Откако на 22 март победи на првичните избори во државите Ајдахо и Јута, сенаторот од Вермонт ги доби и трите партиски собранија на демократите во Вашингтон, Аљаска и Хаваи на 26 март, обезбедувајќи си предност од четири поени пред соперничката.

Првата научена лекција од тоа е дека партиските собранија, оние мали локални собири на кои избирачите треба да се јават во точен час, а потоа да останат до крајот на процедурата, се прилично успешни за сенаторот социјалист. Досега тој победи на 10 од 14-те одржани партиски собранија, благодарение на прекумерната мотивација и енетузијазмот на неговите симпатизери.

Полседните избори, посебно оние во Аљаска и Вашингтон, отврдија уште една тенденција која се забележува од почетокот прелиминарните избори - колку поголем дел од населението во дадена држава е бело, толку е подобар резутатот на Сандерс. Делот на обоените избирачи изгледа е решавачкиот фактор.

И ако трите последни победи на сенаторот од Вермонт беа предвидливи, нивниот обем му овозможуваат да намали дел од неговото заостанување зад Клинтон, според бројот на обезбедени делегати. Според прогнозите, Сандерс, може да да го намали заостанувањето за една петтина, па дури и за една четвртина кое до предминатата недела изнесуваше околу 300 делегати.

- Не верувајте ако некој ви кажува дека можам да ја добијам номинацијата на демократите или изборите, им рече инспирираниот до максимум Сандерс на своите приврзаници. - Ќе ги добијам и двете!, додаде.

Во кампот на Клинтон ги прифаќаат без паника петте порази, потсетувајќи дека од седум т.н. „колебливи држави“ (Охајо, Колорадо, Ајова, Невада, Њу Хемшир, Вирџинија и Флорида), кои се решавачки за претседателските избори во ноември, поранешната прва дама добила пет, меѓу кои трите главни (Флорида, Охајо и Вирџинија).

Во кампот на Клинтон повторуваат дека досега таа привлекла повеќе избирачи отколку кој било друг кандидат, било тоа да е демократски или републикански. - Ги добив гласовите на 2,6 пати повеќе избирачи  отколку Берни Сандерс, порача пред неколку дена фаворитката на демократите.

Друга предност на Клинтон е тоа што календарот на претстојните прелиминарни избори, како што изгледа, е во нејзина полза. Остануваат партиските собранија во Гуам и Девствените Острови, кои немаат голема тежина за крајниот резултат. Но, во четирите држави каде претстојат првични збори (Њујорк на 19 април, Пенсилванија на 26 април, и Калифорнија и Њу Џерси на 7 јуни) и кои доделуваат најголем број делегати, значаен дел се обоените и латино гласачи, што е во нејзина полза. Во овој момент испитувањата на јавното мислење покажуваат дека таа ќе победи во четирите држави, а тоа ќе и ја обезбеди крајната победа.

Но, Берни Сандерс продолжува да верува во својата шанса. И тој не е единствениот. Во последните денови на неговите митинзи се собраа 12,000 негови следбеници во Портланд, 13,000 во Сан Диего, 17,000 во Сиетл. Магијата сегогаш функционираше - однесување како рок ѕвезда и социјалнате програма (Сандерс ветува бесплатно образование и здравствена заштита и задолжително породилно отсуство). А таква страст Клинтон се уште не може да распали.

Прифаќајки го својот дефицит на популарноста, поранешниот државен секретар во последниве месеци се обидува да се ориентира в лево. Но, без успех. Таа сметаше дека во оваа фаза од кампањата ќе остане единствена во трката за да може да го обедини кампот на демократите и да ги привлече избирачите на Сандерс - посебно младите - да ја поддржат.

Наместо тоа, таа води тешка битка во државата Њујорк. Како и по секоја победа, кон Сандерс ќе потече река финансиски прилози. Со нив тој приоритетно ќе ги финаисира рекламите на скапиот медиумски њујоршки пазар. Под влијание на медиумите првичните избори во државата Њујорк, предвидени за две седмици, ќе се покажат како решавачки.

Ако Сандерс биде победен, тој ќе ги загуби речиси сите надежи да ја следи во чекор својата ривалка. И обратно, поразот на Клинтон ќе биде проблематичен, затоа што таа беше сенатор токму од Њујорк, во периодот од 2001 до 2009 година, а и нејзиниот предизборен штаб е во Бруклин.

За да ја победи Клинтон на нејзин терен, Сандерс планира да води кампања по сите линии - митннзи, жестоки нападни изјави, посебно за длабоките врски на поранешниот државен секретар со „Волстрит“. Тој се надева дека на тој начин ќе мобилизира многу избирачи, демократи и независни кои не се наклонуваат кон Клинтон.

Според националната анкета на Си-Би-Ес и „Њујорк тајмс“, од минатата недела, Клинтон има поддршка од 31 проценти од анкетираните, а 52 проценти не ја поддржуваат. Само Трамп се покажа полошо во анкетата со тоа што доби едвај 24 проценти поддршка.

А тоа не е единствениот апсурд во оваа кампања - ако тие ги освојат ова лето номинации на двете партии, на претседателските избори во ноември ќе се спротивстават двајцата најнепопуларни кандидати во земјата.