Loading Video...
Свет
31. December 2024 - 12:28

Преглед на вестите од светот

Новата година први ќе ја пречекаат жителите на пацифичката островска држава Кирибати (во 11 часот по македонско време), а во 2025 последен, 26 часа подоцна, ќе влезе американскиот Бејкеров Остров (1 јануари во 13 часот по македонско време).

Њујорк се подготвува за дочекот на најлудата ноќ – па така беше направен и тест пред последното одбројување до новогодишната ноќ. Светлечката топка е способна да прикаже повеќе од 16 милиони живописни бои и милијарди дезени и е осветлена од 32.256 енергетски ефикасни LED диоди, според Тајмс Сквер Алијансата. Вистинското доживување ќе биде за сите оние кои Новата година ќе дочекаат токму во Њујорк.

Најубав подарок за стотици семејства во Украина и во Русија за Новата година е враќањето дома на воени затвореници од двете страни. Во текот на вчерашниот ден се случи размената на војници. Укарина дома донесе 189 заробеници, додека од руска страна беше об јавена бројка од 150 заробеници. Нема објаснување за несовпаѓањето на бројките при размената.

Се наведува дека руските заробеници се ослободени на белоруска територија и дека ќе бидат префрлени во Русија. Обединетите Арапски Емирати служеа како посредник во размената, се додава во соопштението.

Украинскиот претседател Володимир  Зеленски им се заблагодари на Обединетите Арапски Емирати и другите партнери кои учествуваа во размената. Тој рече дека меѓу Украинците кои се враќаат има војници, наредници и офицери од различни области на фронтот, како и двајца цивили кои биле заробени во јужното пристаниште Мариупол, земени од руските трупи во 2022 година.
И додека од фронтот во Украина стигнуваат вести за размена, сирените одекнаа во Тел Авив околу полноќ кога проектилот лансиран од Јемен беше пресретнат од израелските воздухопловни сили, објави војската. Дел од проектилите паднаа во населени места, но нема информации за евентуални  повреден и или жртви, откако населението беше во засолниште.

Милитантите Хути во Јемен, поддржани од Иран, постојано истрелуваа беспилотни летала и проектили кон Израел. Во понеделникот, амбасадорот на Израел во Обединетите нации издаде, како што го нарече последното предупредување до Хутите да ги запрат нивните ракетни напади врз Израел, велејќи дека тие во спротивно ја ризикуваат истата „бедна судбина“ како Хамас, Хезболах и сирискиот Башар ал Асад доколку продолжат.