Loading Video...
Свет
31. December 2024 - 16:49

Преглед на вестите од светот

Еден час пред пладне по македонско време жителите на пацифичката островска држава Кирибати први во светот ја испратија старата година. Еден час подоцна, новата Година веќе пристигна во Нов Зеланд.

Се чини најголемо внимание ќе привлече новогодишната прослава на Тајмс Сквер во Њујорк каде Нова Година ќе дојде утре во 6 часот наутро по македонско време. Главната атракција големата светлечка топка вчера се тестираше за најпопуларната новогодишна прослава на отворено. На полноќ таа за последен пат ќе се искачи до врвот

Последен во Новата година ќе влезе ненаселениот американски Бејкеров Остров каде 2024 ќе заврши утре во 13 часот по македонско време

Светската популација се зголеми за повеќе од 71 милион луѓе во 2024 година и ќе има 8,09 милијарди луѓе на Нова година. Според проценките американското пописно биро зголемувањето од 0,9% во 2024 беше мало забавување во однос на претходната година, кога светската популација порасна за 75 милиони луѓе.

Според проценките, во јануари 2025 во светот се очекуваат 4,2 раѓања и 2 смртни случаи секоја секунда.

Беспилотно летало лансирано од Хутите минатата ноќ ги потсети Израелците дека нема гаранции за мирна новогодишна ноќ. Сепак, кревкиот мир носи оптимизам на блискиот исток. Во Бејрут е мирно но граѓаните се уште се плашат да слават.

Најтешка ноќ ќе имаат раселените жители на Газа кои од стартот на Израелската офанзива преживуваат во субстандардни услови.

Со многу оптимизам но голема претпазливост новата година ќе ја дочекаат и жителите на Сирија по падот на режимот на Асад.