Самоизолација од 14 дена за сите граѓани кои од Велика Британија доаѓаат во Македонија
Комисијата за заразни болести утринава со нова мерка – самоизолација од 14 дена за сите граѓани кои во земјата ќе дојдат со директни летови од Велика Британија. По мутираниот вирус на Ковид 19 во оваа островска земја, Комисијата одлучила оваа нова рестриктивна мерка како предлог да биде предложена до Кризниот штаб.
За разлика од најавите дека амбасадорите на ЕУ на денешниот состанок ќе расправаат и за евентуални задолжителни ПЦР тестови од оваа земја, Комисијата проценила дека засега нема потреба од тоа, туку апелираат до граѓаните кои патуваат да ги почитуваат здравствените протоколи.
Инаку, по ширењето на мутираниот вирус во уште неколку земји надвор од границите на Британија, повеќе европски земји веќе ги забранија летовите од Велика Британија.
Сања Димитровска
Ново на Сител
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ЗНАМ во Куманово
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ
-
МВР со дронови ќе го набљудува избирачкиот ден, ќе има и дежурни обвинители низ Македонија
-
За пожарот во „Пулс“ ќе му се суди и на сопственикот на агенцијата за обезбедување