Само 7 дена имало бебето кое вчера беше грабнато во Скопје
Бебето кое вчера беше грабнато во Скопје било старо само седум дена.
„На 16 август, во сутеренскиот дел на Градскиот трговски центар – Скопје, осомничената извршила грабнување на малолетно лице – новороденче старо само седум дена“, информираат од Обвинителството.
Претходно од Обвинителство информираа дека 28-годишната девојка на родителите на бебето осомничената им се понудила да им помогне да стигнат до Поликлиниката Бит Пазар, при што тие во Градскиот трговски центар ја замолиле да го причува бебето додека да купат за јадење, по што таа се оддалечила со него. Откако осомничената го зела бебето со такси тргнала кон Ѓорче Петров, а потоа и кон нејзиниот дом, каде полициски службеници успеале да ја пронајдат и лишат од слобода.
„Со ваквите дејствија осомничената ги спречила родителите да бидат со своето новороденче повеќе од четири часа, а предизвикала и опасност за загрозување на здравјето на бебето,“ се наведува во соопштението од Обвинителството.
Ново на Сител
-

35 лица седнуваат во судница, почнува судењето за пожарот во Kочани
-

ВМРО-ДПМНЕ бара реформирање во судството
-

Зголемен водостојот на Вардар и Радика, УХМР апелира на внимателност
-

Во тутунскиот комбинат во Прилеп започна предвремениот откуп на тутунот
-

Еден универзитет за сите членки на Европската алијанса на универзитети
-

Преглед на вестите од светот
-

Шефот на германската дипломатија пристигна во Скопје на средба со министерот Муцунски
-

Тема на денот со Азир Алиу, министер за здравство
