Самка Ибраимоски ја презентираше првата Граматика на ромски јазик

Пратеникот Самка Ибраимоски денеска на прес-конференција во Собранието ја претстави првата Граматика на ромски јазик.
– Блаже Конески рекол „Јазикот е нашата татковина“. Додека „Ако со човек зборуваш на јазикот што го разбира тоа заминува во неговата глава, а ако зборуваш на неговиот јазик тоа заминува во неговото срце“, тоа се зборовите на Нелсон Мандела. Денешниот ден е голем ден за ромскиот народ и после толку години успеавме да ја направиме првата граматика на ромски јазик, истакана Ибраимоски.
Посочи дека ромскиот јазик е внесен како наставен предмет во многу земји во Европа, додека во земјава е воведен како изборен предмет во основното образование.
Ибраимоски додаде дека се прават напори да биде дел и од студиската програма на факултетите.
Автори на книгата се Љатиф Демир, Фатиме Демир и Невсија Дурмиш.
Покровител на првата ромска граматика, како што рече Ибраимоски, е Владата на Република Северна Македонија, а нејзината официјална презентација е закажана за на 7 ноември во Клубот на пратеници.
Ново на Сител
-
Од денеска трговците јавно ќе ги објавуваат продажните цени на веб страниците
-
Променливо облачно со локални врнежи од дожд
-
Зеленски вели дека Кина и доставува оружје на Русија
-
Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите кај „Млечен ресторан“
-
Странските студенти во САД масовно поднесуваат тужби против нивна депортација
-
Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје
-
Водата во Дебар, пред пиење мора да се преврива
-
Кос-Жељазков: Европската интеграција носи стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан