Самит на балканските лидери во среда во Вашингтон
Лидери на шест земји од Западен Балкан ќе учествуваат на видео самит во Вашингтон в среда, организиран од Атланскиот совет, посветен на конкретни потези за зајакнување на регионалната економска соработка и привлекување странски инвестиции.
Како што беше објавено на веб-страницата на Атлантскиот совет, на самитот учествуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, косовскиот премиер Авдулах Хоти, албанскиот премиер Еди Рама, претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, претседателот на министрите на Советот на БиХ, Зоран Тегелтија и црногорската министерка за економија, Драгица Секулиќ.
Овие значајни чекори ќе помогнат во закрепнувањето на економијата по пандемијата со поголеми можности за економски развој.
„Очекуваните економски и социјални последици од пандемијата Ковид-19 на Балканот бараат итна регионална акција за да се избегне трајна економска стагнација и потенцијалната нестабилност што доаѓа со тоа“, нагласува Атланскиот совет од каде очекуваат поголема економска соработка во регионот.
Атланскиот совет организира Самит за партнерство во Западен Балкан за да ги олесни и промовира конкретните чекори меѓу лидерите за регионална економска интеграција кои можат да го зајакнат економското закрепнување по пандемијата, да ја подобрат долгорочната конкурентност на регионот и да го зајакнат фокусот на инвеститорите.
Ново на Сител
-
Приведени шест возачи за управување со возило под дејство на алкохол
-
Приведен 29-годишник од Неготино, поднесени кривични пријави и одредена мерка притвор
-
Приведени две лица, пронајдени дрога, дигитална вага и пари | ФОТО
-
Николоски најави поддршка од два милиона евра за дополнителни проекти во општина Кичево
-
Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми
-
Државјани на Египет и Албанија нелегално влегле во Македонија
-
Израелската армија ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот
-
Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат в понеделник во Драч на самитот на иницијативата Брдо-Бриони