Саливан: САД не испраќа сили за да почнат војна против Русија
Соединетите Американски Држави денеска соопштија дека не испраќаат војници за да почнат војна против Русија, откако распоредија дополнителни 3.000 војници во Германија и Источна Европа поради руско-украинската криза на границата..
– Претседателот Џо Бајден со месеци е „на чисто“ дека САД не испраќаат сили за да започнат војна или да водат војна со Русија во Украина, изјави советникот за национална безбедност Џејк Саливан за Фокс Њуз Сандеј. – Испративме сили во Европа да ја бранат територијата на НАТО, појасни тој.
Саливан, исто така, изјави за Ен-Би-Си дека „воена ескалација и инвазија на Украина може да се случи во секое време“.
– Ние веруваме дека Русите изградија капацитет да спроведат значајна воена операција во Украина и работиме напорно за да подготвиме одговор. Претседателот Бајден ги собра нашите сојузници. Тој ги зајакна и ги увери нашите партнери на источното крило, им даде материјална поддршка на Украинците и одделно им понуди на Русите решение по дипломатски пат, рече Саливан.
Ново на Сител
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори
-
Целосно се исплатени субвенциите за земјоделците
-
600 семејства се на работ на сиромаштијата
-
Преглед на вестите од светот