Loading Video...
Свет
25. December 2024 - 12:20

Преглед на вестите од светот

Авионот кој летал од Баку за Грозни се урна утрово. Пред падот, испратил „СОС“ сигнал над Каспиското Море. Според последните официјални информации 25 лица ја преживеале авионската несреќа во Казахтсан. Од нив 22 се префрлени во болница, објави Казахстанското министерство за итни случаи. Во леталото имало 72 лица, од кои 67 патници и 5 членови на екипажот.

Причината за авионската несреќасè уште не е позната, но на објавената снима од моментот на падот на леталото се гледа како авионот стрмно се спушта во близина на аеродромот во западниот дел на земјата пред да се урне.

Од зори во Харков трае масовниот напад на руски ракети“, потврди градоначалникот на источниот украински град Игор Терехов. „Харков е под ракетен напад, а балистичките ракети сè уште се движат кон градот“, напиша Терехов на Телеграм. Воздухопловните сили на Украина известија за лансирање на крстосувачки ракети „Калибр“ од Црното Море, иако првично не беше познато каде се упатени.
Веќе се регистрирани речиси десетина експлозии, јавуваат медиумите.

Инаку, вчера во напад со балистичка ракета едно лице загина, а 11 се повредени во централниот украински град Кривји Рих, соопштија локалните власти. Пр нападот е оштетена стамбена зграда. Телото на загинатиот човек беше извлечено од урнатините, а медицинските лица не успеаја да го оживеат. Криви Рих, родниот град на претседателот на Украина, Володимир Зеленски. 

Локалните жители, туристите на плажата Бонди во Сиднеј го прославуваат Божик уживајќи во сончевото време, носејќи капи на Дедо Мраз и позирајќи со новогодишна елка на песок.

За некои од туристите ова е првпат на ваков начин за прослава на празникот, кое го опишуваат како нешто сосема посебно. 

Плажите на океанот во Сиднеј, познати по златниот песок и чистата вода, привлекуваат туристи од целиот свет.

Божиќ е исто така еден од најпрометните денови во годината за спасувачите кои патролираат на бреговите на плажата Бонди, обезбедувајќи ја безбедноста на капачите по должината на плажата од околу 1 км.