Живот
21. јуни 2016 - 15:38

Сакала да објави оглас за продажба на кауч, но наместо тоа објавила слики од нејзините голи гради!

Џесика Обрајан сакала на Фејсбук да објави оглас за продажба на својот стар кауч, па објавила фотографии од истиот меѓу кои се прикрала и една слика со нејзините голи гради.
 
Таа по грешка од галеријата на телефонот селектирала и фотографија со нејзините разголени гради, па така тие завршиле на популарната социјална мрежа.
 
Многумина мислеле дека разголената фотографија е всушност маркетиншки трик како би го продала набрзина каучот.
 
Фејсбук постот со фотографијата од градите на Џесика веднаш го отстранил, а Џесика и понатаму бара купувач за каучот.