Сафади: Се плашам дека најлошото допрва доаѓа во војната помеѓу Израел и Хамас
Шефот на јорданската дипломатија Ајман Сафади синоќа изјави дека стравува оти во војната меѓу Израел и Хамас најлошото допрва доаѓа, бидејќи нема знаци за намалување на тензиите.
По нападот на палестинската исламистичка организација Хамас на 7 октомври, во кој загинаа 1400 луѓе, Израел одговори со бомбардирање на Појасот Газа, при што илјадници луѓе загинаа, а милиони останаа без домови.
Сафади предупреди дека војната меѓу Израел и Хамас, како и нејзиното проширување може да има катастрофални последици. – Сите индикации укажуваат дека најлошото допрва доаѓа.
Оваа катастрофа ќе има болни последици во наредните периоди, истакна Сафади на заедничката прес-конференција со германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок.
Тој додаде дека дипломатските напори не придонеле за завршување на конфликтот.
– Одлуката за завршување на војната не зависи од нас, туку од Израел и ние мора да вложиме максимални напори за да ја прекинеме, истакна Сафади.
Во меѓувреме јорданскиот крал Абдула имаше средба со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси на која беше истакнато дека не прифаќаат присилно раселување на Палестинците или колективната казна што Израел ја нанесува на жителите на Појасот Газа со бомбардирање цивилни цели по нападите на Хамас.
И Сафади истакна дека Јордан ќе се спротивстави „со сите свои средства“ на масовното раселување на Палестинците. – Ние нема да прифатиме такво решение.
Ова е црвена линија, а нејзиното преминување би значело објавување војна, потенцира Сафади.
Последниот конфликт ги поттикна долгогодишните стравови во Јордан, дом на значителен број палестински бегалци и нивни потомци, дека Израел ќе ја искористи можноста да ги протера Палестинците од Западниот Брег.
Јордан, кој дели граница со Западниот Брег, прими голем број Палестинци кои избегаа или беа протерани од своите домови по создавањето на израелската држава.
– Нема да дозволиме кризата создадена од Израел да биде извезена во Јордан, нагласи Сафади.
Ново на Сител
-

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат
-

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион
-

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви
-

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак повеќепати престојувал стан на Епстин во Њујорк
-

Браун: Кризата со лидерството на Стармер е „сериозна“
-

Жител на кавадаречко Возарци возел без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
-

Три лица завршија во притвор: Кроеле план за одмазда на нивните браќа кои биле осудени за тероризам
-

Кумановци одбележуваат 82 години од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош
