Саем на книгата, Скопје травел маркет и Денови на образование и кариера
На Скопски саем од 4 до 10 април ќе се одржуваат 29. Меѓународен саем на книгата, 20. Меѓународен саем за образование и кариера и Скопје травел маркет.
Саемот на книгата ќе понуди дела од домашни и странски автори, современи и класични, стручна, научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и книги од областа на културата и уметноста.
Манифестацијата „Денови на образование и кариера“ на едно место ги обединува сите државни и приватни високообразовни институции од земјата и странство кои пред посетителите ќе ги претстават додипломските и постдипломските студиски програми, институциите и компаниите кои имаат програми за студирање со стипендии и кредити, компании кои нудат професионална пракса за студентите, како и компании кои нудат вработување на квалификуван кадар на соодветни работни позиции.
На Скопје травел маркет, пак, ќе биде промовирана туристичката понуда.
Саемите ќе бидат отворени од 10 до 20 часот, а цената на влезницата за сите посетители е 30 денари.
Ново на Сител
-
Коцевски: Идниот месец обвинение за Кочани
-
Филипче: Владејачката коалиција ќе се распадне
-
Нова градинка во скопски Центар
-
Годинава само половина од планираните површини ќе се посеат под ориз
-
Климатските промени го уништуваат езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
Светска банка: Со ваков раст на БДП стандардот на европските граѓани ќе го стигнете за 60 години
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“