Садење ели во рамки на 19. акција на „Ден на дрвото“
Со засадување семе од ела во дворот на основното училиште „Александар Македонски“ во Реонски центар Аеродром денеска ќе се реализира 19. акција на „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина!“ и шестата „Садница плус“.
Под мотото „Од семче до дрвце - Ден на дрвото“ почнува одбележувањето на јубилејот, десетгодишното постоење во низа на акцијата „Ден на дрвото“.
Освен учениците, семе ќе садат и децата од градинката „Буба Мара“, клон „Сонце“. Семе ќе се сади во сите основни училишта во Република Македонија, во рамки на одделенскиот час без да се наруши наставниот процес.
Предвидено е да присуствуваат претставници на граѓанското здружение „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“, од повеќе министерства, од Град Скопје, општина Аеродром, јавните претпријатија „Македонски шуми“ и „Паркови и зеленило.
Семето од ела за оваа акција е собрано во Националниот парк „Пелистер“.
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција