САД забележа најголем трговски дефицит од 2012 година
Трговскиот дефицит на САД во јануари се искачи на највисоко месечно ниво за речиси пет години, соопшти денеска американското Министерство за трговија.
Трговскиот дефицит во јануари изнесува 48,5 милијарди долари, што е за 4,2 милијарди долари повеќе во однос на декември и е најголем дефицит од март 2012 година, се посочува во соопштението.
Дефицитот делумно е последица на месечниот пад на извозот на цивилни авиони и мотори во вредност од 1,2 милијарди долари.
Споредбено со јануари минатата година трговскиот дефицит е поголем за 12 отсто, при што растот на увозот од 8,3 проценти е поголем од извозот што изнесува 7,4 отсто.
Дефицитот во трговијата на стока со Кина забележа раст од 13 проценти во однос на нивото од декември, а исто така е забележано и зголемување на дефицитот во трговијата со Мексико и Саудиска Арабија
Ново на Сител
-
Започна конкурсот за упис на бруцоши во Државниот студенстки дом во Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ вечерва ќе ја финализира листата за градоначалници
-
Teма на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-
Атентат врз поддржувачот на Трамп, Чарли Кирк
-
Дрисла се уште го гуши Скопје
-
Пратениците влегоа и во Разузнавање – Документи не добија на увид
-
Црвените линии на Филипче идната недела во Собранието