САД: Управата на болница во Бостон отпушти речиси 200 невакцинирани работници
Речиси 200 вработени во болница во американската сојузна држава Масачусетс се отпуштени поради тоа што во одредениот рок не се вакцинирале против коронавирусот, јави агенцијата Анадолија.
Станува збор за вработените на болницата „ЈуМас Меморијал хелт“ во Бостон, која на персоналот му дала рок до 1 ноември целосно да се вакцинира против Ковид-19.
Раководството на болницата соопшти дека чекало уште еден месец и оти на крајот ги раскинало договорите со персоналот кој не е вакциниран.
– Вакцинирани се 98 проценти од персоналот на болницата, а со тие 2 проценти кои пружија отпор ја раскинавме соработката, се наведува во соопштението.
Се наведува дека приоритет на болницата е заштитата на персоналот и пациентите и оти отпуштањето на невакцинираните работници е единствената опција.
Во таа бостонска болница работат околу 15.000 луѓе.
Ново на Сител
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја