САД ставија на црната листа уште две руски компании
– Американското Министерство за финансии на црниот список официјално вклучи уште две руски компании – производители на дијаманти и бродоградители – со тоа што им го оневозможи пристапот до американскиот финансиски систем.
Најновите санкции се насочени кон руската државна компанија United Shipbuilding Corp и кон компанијата за ископување дијаманти Алроса.
„Преку овие санкции, Министерството за финансии ги прекинува дополнителните извори на поддршка и приходи на владата на Руската Федерација за да ја води својата неиспровоцирана војна против Украина“, се наведува во соопштението за печатот.
„Алроса“ е најголемата светска компанија за ископување дијаманти, со 28 отсто од светското производство на дијаманти, се вели во соопштението на САД, додавајќи дека во 2021 година, Алроса остварила повеќе од 4,2 милијарди долари приход.
Бродоградната корпорација „е одговорна за изградба на речиси сите руски воени бродови“, се посочува во соопштението.
Ново на Сител
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп