-->
-->
САД: Речиси 300 деца имаат сериозна клиничка слика од Ковид-19
-->
Најмалку 285 деца развиле сериозни инфламаторни проблеми поврзани со новиот коронавирус, голем број оздравеле, но засега не е познато дали тие ќе имаат долгорочни или трајни оштетувања на организамот, пишува во студија објавена во американскиот Медицински журнал.
Се наведува дека „мултисистемскиот инфламаторен синдром“ (PIMS) кај децата се смета за невообичаена форма на заболување, а смртните случаи се ретки.
Од околу илјада заразени деца во целиот свет, 285 се евидентирани во САД, а од нив шест починале.
Просечната возраст на заболените деца е осум години, а научниците се уште не се сигурни дали и возрасните можат да се разболат од мултисистемски инфламаторен синдром.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари