-->
-->
САД потпишаа нова воена зделка со Катар вредна 1,1 милијарди долари
-->

САД одобрија зделка за продажба на оружје на Катар вредна 1,1 милијарди долари, во која влегува одржувањето на катарските воени авиони Ф-15.
Договорот е одобрен и покрај сериозниот конфликт во кој Катар влезе со државите од регионот како што се Саудиска Арабија, Египет и Обединетите Арапски Емирати, поради наводното приближување на Катар кон Иран.
Пред дипломатската криза околу Катар, во јуни годинава, Вашингтон одобри продажба на воени авиони Ф-15 на Катар во зделка вредна 12 милијарди долари.
Со новата зделка, САД на Катар ќе му помогнат да ги осовремени своите авиони, како и да изгради утврдени хангари за нивно сместување. Договорот доаѓа по минатонеделната посета на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон на Катар.
САД го осудија Катар за неговата поддршка на исламистички групи кои дејствуваат во регионот, додека Турција застана во одбрана на катарските власти.
Катар останува под економска блокада од страна на Саудиска Арабија, а во тек се дипломатски напори за надминување на кризата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот Муцунски утре во работна посета на Казхстан
-
Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи
-
Уште една пријава од граѓанин за насилно одземена биста од Градските гробишта Бутел
-
Приведени битолчани со пиротехнички средства на натпреварот „Вардар 1961“ - „Пелистер“
-
Пациентите задоволни од медицинскиот кадар, но бараат подобри услови во штипската физикална терапија „Кежовица“
-
Приведено лице во Демир Хисар, возело под дејство на алкохол
-
САД: Допрва претстои силен руски одговор на украинските напади со дронови
-
Два аеродрома во Москва затворени по украински напад со дронови