САД: Поради снежна бура се затвораат училиштата

Снежна бура ги затвори училиштата од Западна Вирџинија до Нова Англија во САД.
Во некои делови на Западна Вирџинија се очекуваат од пет до 30 сантиметри снег, а во пет окрузи од утрово се затворени училиштата.
Во Њу Хемпшир се затворени стотина училишта по ударот на првиот бран снежна бура, која донесе 15 сантиметри снег. Нови снежни врнежи се очекуваат и вечерва.
Гувернерот на Њу Хемпшир изјави дека тоа ќе биде „долга, тешка снежна бура“.
Во североисточниот дел од земјата до утре изутрина се очекуваат од 25 до 50 сантиметри снег.
Поради снежното невреме повеќе од 280 летови од и кон САД се откажани, а 1.200 се одложени. Повеќето од откажаните летови се на аеродромите во областите на Њујорк и Бостон.
Властите наведуваат дека три лица загинале во саботата во Мисури, а едно во Луизијана како последица од невремето.
Ново на Сител
-

Реакција на ВМРО ДПМНЕ
-

Седум лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи
-

Верстапен победник на трката за Големата награда на Катар
-

Српската рафинерија НИС нема да работи од вторник, нагласува Вучиќ
-

Зеленски разговарал со Руте: Ова се важни денови за Украина
-

Американски и украински претставници разговараат за мировниот план за завршување на војната во Украина
-

Нетанјаху побара помилување од претседателот Херцог во судењето за корупција
-

Бројот на жртви во големиот пожар во станбениот комплекс во Хонг Конг се зголеми на 146
