САД почнува со вакцинирање против Ковид-19 на деца на возраст од пет до 11 години
Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) препорача вакцинирање деца на возраст од пет до 11 години со вакцината Фајзер/Бионтек против Ковид-19, откако американската Агенција за лекови ја одобри вакцината за таа возрасна група кон крајот на минатата недела.
На тој начин 28 милиони деца на таа возраст во САД ќе имаат право да ја примат таа вакцина.
Препораката неодамна беше одобрена од Американската агенција за лекови (ФДА), додека препораката на Центрите за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) донесена синоќа е последниот чекор за започнување на нова фаза од кампањата за вакцинација на децата.
Децата ќе ја примаат вакцината во две дози како возрасни, но по 10 микрограми по инекција, додека за возрасните е 30 микрограми.
Ново на Сител
-
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски лично се јавувал за неговиот брат да не биде казнет?
-
Мерката замрзнати маржи истекува утре, ако цените растат владата ќе донесе нови мерки
-
Наумоски: Концесијата нема да ги заштити ендемичните риби
-
Преглед на вестите од светот
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!