-->
-->
САД одобрија продажба на воена опрема и оружје на Хрватска
-->
Американскиот Стејт департмент одобри евентуална продажба на воена опрема и оружје на Хрватска во висина од 757 милиони долари, објави американската Агенција за одбранбена безбедносна соработка (ДСЦА).
Стејт департментот донел одлука со која се одобрува евентуална продажба на воена опрема и оружје на Хрватска за обнова, модернизација и поддршка на пешадиските борбени возила од типот „Бредли“ М2А2.
ДСЦА наведе дека продажбата на опрема на Хрватска нема да ја промени основната воена рамнотежа во регионот.
За купување на американско оружје покрај Хравтска заинтересирани се и Јужна Кореја, Саудиска Арабија, Бразил, Либан и Канада.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија