САД најавија прекин на санкциите против Сирија за да стаса хуманитарната помош
Американското Министерство за финансии објави шестмесечен прекин на санкциите воведени кон Сирија за да дозволи помош за земјата, која е тешко погодена од катастрофалните земјотреси во соседна Турција.
Доколку министерството не ја донесеше оваа одлука, помошта немаше да може да стигне до Сирија, бидејќи ќе беше забранета со санкциите против таа земја, јави ДПА.
„Во време кога меѓународните сојузници и хуманитарни партнери се мобилизираат за да им помогнат на погодените, сакам многу јасно да кажам дека американските санкции во Сирија нема да им пречат на спасувачките напори за сирискиот народ“, рече заменик-секретарот за финансии Воли Адејемо.
Санкциите наметнати од САД и Европската унија го отежнуваат извозот во Сирија, каде веќе 12 години има граѓанска војна.
Ново на Сител
-
Трета Меѓународна конференција за фриленсери
-
Вакцинални тимови од наредната недела ќе одат во домови за стари лица за имунизација против грип
-
Медицинските сестри се соочуваат со низа проблеми
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ЗНАМ во Куманово