САД ќе испратат десетици војници во Сомалија првпат по 20 години

САД ќе испратат десетици редовни војници во Сомалија, што претставува најголемо распоредување на американски воени лица во оваа земја по околу 20 години.
Вашингтон ги повлече своите војници од Сомалија во 1993 година, кога два хеликоптера беа урнати во главниот град Могадишу, а телата на загинатите Американци биле влечени низ улиците на градот.
Американско африканската команда соопшти дека распоредувањето на американските војници има за цел логистичка обука на сомалиската армија, која се бори против екстремистите на групата Аш Шабаб.
Во последните години САД испратија воени советници и припадници на специјалните единици во Сомалија. Неодамна претседателот Доналд Трамп дозволи американско воено присуство во таа земја. Ваквата дозвола овозможува и поагресивни воздушни напади против борците на Аш Шабаб.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Мемов, директор на ПИОМ
-

Последици од поплавите во о.Чешиново-Облешево
-

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
