САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател Ал Шара

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател Ахмад ал Шара, еден ден откако тоа го направи Советот за безбедност на Обединетите нации, пред неговата средба со претседателот на САД, Доналд Трамп во понеделник.
Според соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за финансии на САД, санкциите против Ал Шара и сирискиот министер за внатрешни работи Анас Хатаб се укинати, а тие се отстранети од листата на посебно означени глобални терористи.
Санкциите против сирискиот претседател Ахмад ал Шара и министерот Хатаб ги укина и Велика Британија.
Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара претходно денеска ја поздрави одлуката на Советот за безбедност на ОН за укинување на санкциите воведени против него и министерот за внатрешни работи Анас Катаб, нарекувајќи го потегот „чекор во вистинска насока“ откако 14 членки гласаа „за“, а само Кина беше воздржана, јави Анадолија.
Резолуцијата, подготвена од САД, беше усвоена вчера и претставува редок пример на консензус во Советот за безбедност околу олеснување на мерките поврзани со сириското раководство, коментира Анадолија.
- Ова е првпат по долго време Советот за безбедност да се согласи за нешто. За среќа, тоа беше нешто поврзано со Сирија, рече Ал-Шара во интервју за телевизијата Ашарк њуз на маргините на климатскиот самит КОП30 во Бразил.
Тој додаде дека „не е разумно еден шеф на држава да остане под санкции, додека одржува обемни односи со сите земји што се вклучени“.
Ал-Шара истакна дека Сирија успеала да изгради консензус меѓу земјите што ретко се согласуваат по глобални прашања, оценувајќи ја одлуката како „позитивен знак што може да биде почеток на решавање на многу нерешени проблеми во светот“.
Сирискиот претседател им се заблагодари на неколку држави за поддршката на дипломатските напори што доведоа до укинувањето на санкциите за Сирија, меѓу кои Саудиска Арабија, Турција, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Јордан.
Ал-Шара рече дека се надева дека ќе разговара за иднината на односите меѓу САД и Сирија со претседателот Доналд Трамп за време на неговата посета на Белата куќа идната недела.
МИА
Ново на Сител
-

Речиси милион евакуирани на Филипините поради супертјфунот „Фунуон“
-

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки
-

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-

Ѓоковиќ ја „освои“ Атина и 101.турнир во својата кариера
-

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката
-

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември
-

Договор Унгарија-САД: Изземање од санкции за руски енергенси, Будимпешта купува американски ЛНГ
-

Протест во Тузла, се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички
