САД, Британија и Германија водечки земји на потекло на кибер нападите
САД, Велика Британија и Германија се водечки земји во светот од каде доаѓаат т.н. ДДОС кибер напади, чија цел е да се оневозможи давање на одредени интернет и други видови услуги, покажува извештајот на американската компанија за интернет технологии „Акамаи“.
Според последниот извештај на компанијата, кој го опфаќа периодот октомври-декември 2016 година, во тој квартал светот е забележан раст на кибер нападите за четири отсто, а најголем дел од нив потекнувале од САД (24 проценти), Велика Британија (10 отсто) и Германија (седум проценти).
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, за разлика од периодот јануари-септември минатата година, кога главен извор на ДДОС кибер напади во светот беа кинеските хакери, во последниот квартал според Извештајот за интернет безбедност на „Акамаи“, Кина е рангирана на четврто место со 6 отсто упади.
Русија за која германските и американските власти постојано тврдат дека помага или дозволува од нејзина територија да се вршат кибер напади е на петто место на листата на со 4,4 отсто од кибер нападите.
Владите во Вашингтон и Берлин тврдат дека хакери поврзани со руската Влада успеале да влијаат на резултатите од претседателските избори во САД, а сега се подготуваат да влијаат и на сојузните избори во Германија во септември.
На листата на земји од каде што доаѓаат ДДОС нападите за цела 2016 година води Кина, пред САД, по што следуваат Турција и Велика Британија.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст