САД: Ако го укинете Специјалниот суд ќе го одобриме „рускиот“ Трибунал за ОВК

САД и се заканија на Приштина дека ако косовскиот Парламент го укине неодамна формираниот Специјален суд за воени злосторства, тогаш Вашингтон нема да го попречи руското барање за основање на Трибунал за воени злосторства во Косово на ниво на Обединетите нации, тврди приштинскиот весник „Коха Диторе“.
Весникот пишува дека вршителот на должноста амбасадор на САД во Косово, Стивен Бенкс деновие се сретнал со косовските политички лидери и им ја пренел заканата, која САД и претходно ја најавија како можност.
Русија бараше формирање на суд сличен на Хашкиот трибунал, кој ќе се фокусира на судски процеси против командантите на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК), но САД досега се спротиставуваа на овој предлог и го блокираа во ОН.
Барањето на САД Специјалниот суд да продолжи да функционира го поддржаа и западноевропските држави.
- Нема никаква причина да се запре работата на Специјалниот суд и ги повикуваме сите раководители на институционалните органи, лидерите на партиите и пратениците да ја отфрлат секоја помисла за укинување или редефинирање на било кој аспект од законот за специјални судови, побараа вчера преку заедничко соопштение САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија.
Косовските политичари првично се согласија со формирање на специјалниот суд и гласаа за измени на Уставот на Косово кои беа потребни за неговото формирање.
Но, неодамна пратеници од владејачкото мнозинство, во кое доминираат партии предводени од поранешни команданти на ОВК, предложија укинување на Судот.
Косовскиот претседател Хашим Тачи, кој и е поранешен главен командант на ОВК, најави дека ќе ја потпише одлуката за укинување на Судит, доколку Парламентот ја изгласа.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
