Русковска: Заев прв не извести за „Рекет“
Премиерот Зоран Заев прв ме извести дека бизнисмени му се пожалиле оти се уценувани, вели шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
-Премиерот усно нè извести мене и јавниот обвинител на Република Северна Македонија, притоа изразувајќи подготвеност да дојде и да поднесе кривична пријава на записник. Но ние му советувавме сведокот да дојде во Обвинителство и да пријави, посочува Русковска во изјава за „Независен весник.
Премиерот Заев вчера на прес-конференција информира дека кај него се обратиле бизнисмени кои не се од Скопје, а кои му се пожалиле дека биле уценувани.
Како одговор на новинарско прашање, Заев појасни дека за тоа, како и секој друг граѓанин, за тие уцени, тој како премиер пријавил.
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција