Руско МНР повика на воздржаност во врска со информациите за израелски напади во Сирија
Во врска со информацијата за извршени ракетни напади денеска на територијата на Сирија од страна на израелската авијација, Министерството за надворешни работи на Русија ги повика сите инволвирани страни во конфликтот да бидат воздржани и да не дозволат зголемување на тензиите во регионот.
- Повикуваме веднаш сите инволвирани страни да покажат воздржаност и да избегнуваат секакви дејствија, кои можат да предизвикаат уште посложена ситуација. Сметаме дека е неопходно безусловно да се почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија и другите земји од регионот, се додава во соопштението.
Либан ги осуди израелските воздушни напади во Сирија, порачувајќи дека ќе поднесе жалба до Советот за безбедност на ОН бидејќи Израел го користел неговото воздушно пространство.
Либанското МНР наведува дека Сирија има „легитимно право“ да одговори на „агресијата на Израел“, која може да претставува опасност за стабилноста во регионот.
Либан ги повика земјите кои се загрижени да го зауздаат Израел.
Израел денеска соопшти дека ирански дрон влегол во воздушниот простор на таа земја од Сирија.
Ново на Сител
-
Продолжува амандманската расправа за ребaлансот на Буџетот
-
Трамп: САД ќе испратат контингент ракети „Патриот“ во Украина
-
Макрон пред Денот на Бастилја: Слободата никогаш не била толку загрозена како сега
-
Палмер по триумфот на Челзи на Светското клупско првенство: Сите се сомневаа во нас
-
Сончево и топло, до 39 степени
-
На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
-
Голем пожар во Карпош, зафатени повеќе куќи
-
11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Прилеп–Градско