Макрон пред Денот на Бастилја: Слободата никогаш не била толку загрозена како сега
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа, во предвечерието на Денот на Бастилја, изјави дека „слободата никогаш не била толку загрозена“ од крајот на Втората светска војна во 1945 година како што е сега и „никогаш мирот на европскиот континент не зависел толку многу од непосредните одлуки“.
-Живееме во момент на превирања. Одамна ја разбравме нивната неизбежност, рече Макрон во своето традиционално обраќање до вооружените сили пред Денот на Бастилја.
„Никогаш порано мирот на нашиот континент не зависел толку многу од нашите непосредни одлуки“, додаде Макрон, наведувајќи ги „империјализмот и силите за анексијата“ како што е Русија, која започна војна против Украина во февруари 2022 година.
Меѓународниот поредок воспоставен по Втората светска војна е сè повеќе оспорен и ослабен, и „бидејќи повеќе нема правила, преовладува законот на најсилниот“, рече Макрон.
Франција треба „да се соочи со толку многу предизвици за да остане слободна, господар на сопствената судбина“, додаде тој.
Макрон во обраќањето до армијата рече дека сака да го зголеми планираниот буџет за одбрана со уште 3,5 милијарди евра во 2026 година, а потоа уште три милијарди евра во 2027 година, така што буџетот за одбрана ќе се удвои за време на неговите два мандата.
„Ажурирањето на Законот за воени прашања за периодот 2024-2030 година ќе биде презентиран на есен“, рече францускиот претседател.
Во Франција, националниот празник, Денот на Бастилја, ќе биде одбележан денеска со традиционална воена парада на авенијата Шанзелизе, во Париз, објавија локалните медиуми, додавајќи дека парадата ќе се одржи во светлината на зголемените безбедносни мерки поради нестабилноста во светот.
Празникот се слави во чест на падот на Бастилја, озлогласената париска тврдина-затвор, на 14 јули 1789 година. Тоа беше еден од клучните моменти на Француската револуција.
Падот на Бастилја е симбол на единството на нацијата и крајот на апсолутистичката монархија. После тоа, на 26 август 1789 година, беше усвоена Декларацијата за човекови и граѓански права. Таа декларација подоцна ги воспостави француските национални вредности – слобода, еднаквост и братство (Liberte, Egalite, Fraternite).
Ново на Сител
-
Се уште гори на две локации - во Велешко и кај Македонски Брод, пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Пентагон повлекува 2.000 припадници на Националната гарда од Лос Анџелес
-
Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари
-
Во ЕУ има двојно повеќе семејства со домашни миленици отколку со деца
-
Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји
-
Сончево и многу топло до 39 степени, освежување од петок
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен