Руски воен авион со 91 патник се урна во Црното Море
Авион од типот Ту-154 на руското Министерство за одбрана со 91 патници и членови на екипажот се урна денеска во водите во источниот дел на Црното Море, јави ТАСС.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека спасувачките служби утрово на шест километри од брегот крај рускиот град Сочи откриле тркало од урнатиот авион и поголема дамка од масло, кон каде се упатени повеќе бродови и чамци.
Во време на уривањето, во авион имало 83 патници и осум членови на екипажот. Меѓу патниците биле повеќе воени лица, новинари, како и челнови на ансамблот за народни песни и ора „Александров“.
Авионот полетал од Сочи кон сириската воена база „Хмејмим“ кај Латакија, каде се стационирани руските сили вклучени во операциите во Сирија.
Причините за уривањето на авионот засега не се познати. Според извори од аеродромот во Сочи, во време на исчезнувањето на авионот од радарите во реонот преовладувале „добри метеоролошки услови“.
Неименуван извор од Министерството за одбрана за руските медиуми изјавил дека најверојатна причина за уривањето на авионот е технички проблем или пилотска грешка.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-
Села ја сака Алијанса но без Таравари - ВМРО ДПМНЕ убедена во победа на изборите
-
МВ: Граѓаните сметаат дека институциите ефикасно се справија со трагедијата во Кочани
-
Семакедонски собир во Mелник: 110 години од убиството на Пиринскиот цар – Јане Сандански
-
Хуманитарна аукција за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани
-
Повредени од трагедијата во Кочани продолжија со рехабилитација во специјализирани странски центри
-
Фотоволтаиците стануваат главен соујзник на земјоделците, а кај нас тоа е табу тема
-
Дивите депонии се сериозна закана за здравјето на граѓаните