Руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор
Руски воен авион вчера накратко го нарушил шведскиот воздушен простор источно од балтичкиот остров Готланд, по што бил пресретнат од шведски борбени авиони, соопштија денеска вооружените сили на оваа нордиска земја.
Во соопштението на шведските вооружени сили се наведува дека било испратено предупредување до рускиот воен авион СУ-24, но тој не реагирал, по што биле испратени шведски борбени авиони Грипен да го пресретнат.
Шведската војска соопшти дека нарушувањето на воздушниот простор било краткотрајно. „Постапките на Русија не се прифатливи и покажуваат недостаток на почит кон нашиот територијален интегритет“, изјави шефот на шведските воздухопловни сили, Јонас Викман. „Го следевме целиот синџир на настани и бевме подготвени да интервенираме“, додаде тој.
Ново на Сител
-
Екологистите бараат поголема заштита на езерото под заштита од УНЕСКО
-
Гужви на граничните премини
-
Даку се извини - УЕФА почна постапка за санкции
-
Агелер ја поздрави најавата на Мицкоски дека ќе го користи уставното име
-
Вреди ги претстави своите министри
-
Преглед на вестите од светот
-
Трендафилов: Бизнисмените се алчни и вештачки ги зголемуваат цените за да направат поголем капитал
-
Teма на денот со Атанаско Туневски