Руската православна црква се надева на дијалог со Цариград за Украина
Руската православна црква (РПЦ) се надева дека Вселенската патријаршија во Цариград ќе ги сфати последиците од своите дела во Украина и оти ќе започне со дијалог, изјави портпаролот на РПЦ Алексанадар Волков.
-Патот, кој го избра Цариград, може да има ужасни резултати по глобалното христијанство и по верниците во Украина. Меѓутоа, оваа ужасна ситуација може многу брзо да се реши ако Цариград се одлучи за дијалог, вели Волков.
Според него, РПЦ ќе ја задржи својата позиција, а дијалогот може да почне само кога Вселенаската патријаршија ќе ја сфати својата грешка и ќе се извини за сите дела со кои веќе му нанесе значителна штета на православието.
Вселенската патријаршија претходно изјави дека ќе ја поддржи автокефалноста на Украинската православна црква, на што Руската православна црква се противи
Ново на Сител
-
Саркози во затворот Ла Санте добил смртни закани
-
Ден на македонската револуционерна борба
-
Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно
-
Октомвриски Самит на ЕУ во Брисел, меѓу темите Украина, Блискиот Исток о одбраната
-
Најмалку девет мртви и пет повредени лица во експлозија во фабрика за оружје во рускиот град Копејск
-
Облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта повремен локален дожд
-
Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје поради атлетска трка
-
Шведска може на Украина да и продаде помеѓу 100 и 150 борбени авиони „Грипен“