Октомвриски Самит на ЕУ во Брисел, меѓу темите Украина, Блискиот Исток о одбраната
Украина, последните случувања на Блискиот Исток, европската одбрана, конкурентноста, домувањето и миграцијата ќе бидат главни теми на денешната средба во Брисел на шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ.
Во најавата за Самитот на ЕУ се наведува дека во услови кога Русија продолжува со своите немилосрдни напади врз украинските цивили и инфраструктура, европските лидери ќе разговараат за конкретни чекори за зајакнување на поддршката за Украина и зголемување на притисокот врз Русија со цел постигнување мир.
- Ќе разговараме како да ја зајакнеме нашата поддршка за Украина, со реафирмирање на нашата посветеност да обезбедиме финансиска поддршка за земјата во наредните години и со разгледување на можни опции засновани на замрзнатите руски средства, посочи претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во поканата до лидерите за учество на Самитот.
Тој најави и дека на почетокот на дебатата за Украина лидерите ќе разговараат со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ќе ги брифира за последниот развој на настаните.
- Русија плаќа висока и се поголема економска цена за својата агресија и ние ќе ги разгледаме нашите напори за понатамошно зголемување на притисокот врз неа. Поддршката за Украина и притисокот врз Русија остануваат двата неопходни услови за постигнување праведен и траен мир, додава Кошта во поканата.
Покрај за Украина, лидерите на ЕУ ќе разговараат и за најновите случувања на Блискиот Исток, вклучувајќи ги и резултатите од Мировниот самит во Шарм Ел Шеик од 13 октомври, ослободувањето на сите заложници и почетните фази од мировниот предлог за Газа на американскиот претседател Доналд Трамп.
- По две години војна и страдање на луѓето, се чини дека мирот во Газа е на дофат. Со оглед на најновите случувања, ќе разговараме за тоа како ЕУ може да ги поддржи тековните напори за праведен и траен мир, цврсто заснован на решението за две држави, како и на обновата на Газа, наведе Кошта во поканата.
Надоврзувајќи се на своите претходни состаноци, лидерите ќе разговараат и за подготвеноста на ЕУ за одбрана и конкретните одлуки за проекти за зајакнување на капацитетите. Во тој контекст Европската комисија пред лидерите на ЕУ ќе го презентира Патоказот за одбранбена подготвеност 2030, а се очекува и Европскиот совет да ги овласти министрите за одбрана на земјите членки да работата на имплементација на мерките за зајакнување на одбраната и на Европската агенција за одбрана.
- Хибридните напади и регистрираните дронови во близина на нашите критични инфраструктури и непријателските упади во воздушниот простор на земјите членки се уште една демонстрација на итноста од забрзување на работата за постигнување на заедничка европска одбранбена подготвеност до 2030 година, вели Кошта во поканата.
Во најавата за Самитот се додава и дека во актуелниот геополитички безбедносен контекст, ЕУ презеде решителни мерки за зајакнување на својата одбранбена подготвеност и зголемување на трошоците за одбрана, вклучително и преку Планот за ревооружување на Европа и инструментот Безбедносна акција за Европа (САФЕ).
Лидерите на ЕУ во рамки на дебатата за конкурентноста ќе разговараат за напредокот по предлозите за поедноставување на законските прописи, за остварување на климатските цели на ЕУ, вклучително и за постигнување на климатска неутралност до 2050 година, како и за зајакнување на дигиталниот суверенитет во согласност со вредностите на ЕУ.
Во тој дел од дебатата на лидерите на ЕУ ќе им се придружат и претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард и првиот човек на Еврогрупата, Паскал Донохју, со кои ќе бидат разменети мислења за зајакнување на меѓународната улога на заедничката европска валута и на развојот на дигиталното евро.
На Самитот ќе се говори и за проблемот со домувањето во ЕУ, кој предизвикува се поголема социјална и економска загриженост, па во тој контекст лидерите ќе разговараат за тоа што може да се направи на европско ниво за да се поддржат напорите на национално, регионално и локално ниво за справување со него. Од оваа дискусија треба да произлезат насоки за Еврокомисијата за изработка на План за достапно домување на ЕУ.
- Европските граѓани очекуваат да уживаат во плодовите на економскиот раст и просперитетот и во тој контекст важна улога игра пристапот до домови под прифатливи услови. Сепак, во многу земји членки домувањето стана растечка социјална и економска грижа, вклучително и за граѓаните со среден приход и помладите генерации, наведе Кошта во поканата.
Лидерите ќе се осврнат и на приоритетните регулативи поврзани со миграцијата, како оние за спречување на нерегуларната миграција и враќање на мигрантите кои немаат право на престој во ЕУ.
- Како што правевме и во минатото, ќе се навратиме на важната тема за миграцијата за да се осигураме дека работата продолжува со брзо темпо по сите приоритетни акти. Како основа за нашата дискусија можеме да очекуваме и писмо од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна Кошта во писмото до лидерите на ЕУ.
Традиционално, Самитот на ЕУ ќе започне со размена на мислења на лидерите со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.
МИА
Ново на Сител
-
Скопјанец нападнат од две лица по расправија со негова колешка во спортска обложувалница
-
Возачката му била одземена во странство, пријавил дека е изгубена - Кривична пријава за лажна изјава
-
Кривична пријава за лице од Гостивар кое ја демнело поранешната партнерка
-
СЗО евакуира 41 дете и 145 придружници од Појасот Газа
-
ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори
-
Мециновиќ: Левица е обединувачка политичка сила за Скопје
-
Герасимовски со план во 10 точки за справување со кризата со отпадот
-
Мисајловски: 23 Октомври нè потсетува на највозвишените идеали – слобода, самобитност, патриотизам и љубов кон татковината