Руска воена вежба во Црното Море
Руските сили изведоа воена „вежба“ во северозападниот дел на Црното Море, соопштија утринава локалните власти, додавајќи дека биле истрелани противбродски проектили за соборување на цел во морето.
Според руското Министерство за одбрана, бродови на руската Црноморска флота истрелале противбродски крстосувачки ракети „кон брод што бил цел во зоната за борбена обука во северозападниот дел на Црното Море“.
Руските власти во средата соопштија дека ќе го сметаат како воена цел секој брод што ќе се упати кон украинските пристаништа во Црното Море.
Русија во понеделникот одби да го продолжи договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море.
Москва неколку недели претходно се закани дека нема да го обнови договорот, жалејќи се на пречки за сопствената испорака на земјоделски производи и ѓубрива кои се дел од договорот.
Договорот беше потпишан во јули 2022 година во Истанбул и веќе двапати е обновен, и со него ѝ се дозволува на Украина да го извезува своето жито преку Црното Море. Досега се извезени 33 милиони тони жито од украинските пристаништа во текот на изминатата година, и покрај конфликтот.
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка