Свет
23. јуни 2025 - 11:20

Руска осуда на американските напади врз Иран во СБ на ОН: САД ја отворија Пандорината кутија

Русија ги осудува неодговорните, опасни и провокативни потези преземени против Иран, изјави вчера постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја.

- САД ја отворија Пандорината кутија. Никој не знае какви нови катастрофи и страдања ќе донесе ова, рече Небензја на вонредна седница на Советот за безбедност на ОН, пренесуваат британските медиуми.

Амбасадорот оцени дека САД не се заинтересирани за дипломатија.

- Апелираме за итен прекин на агресивните потези на Израел и САД, рече Небензја.