Израел го нападна Фордо, додека Трамп најави „промена на иранскиот режим“ по американските напади
Фордо, клучна нукеларна постројка на Иран, повторно мета, овојпат на израелски напад, Фордо кој се наоѓа 80 метри под земја вчера беше една од три цели на американската операција Полнокен чекан. Премиерот на Израел вели -многу сме блиску до постигнување на целите во Иран.
- Немам сомнеж дека овој (ирански) режим сака да не елиминира. Тие сакаат да го елиминираат нашето постоење. Затоа ја започнавме оваа операција за да ги запреме конкретните закани по нашиот опстанок, нуклеарните закани и заканите од балистички проектили. Одиме напред чекор по чекор за да ги исполниме овие цели и многу сме близу до тоа – Бенјамин Нетанјаху – Премиер на Израел
Според Меѓународната Агенција за атомска енергија, Фордо по американскиот напад претрпел значајна штета, но засега не може да се каже во колкав обем. САД изврши напади и врз нуклеарните постојки Натанз и Исфахан.
- Во овој момент, никој, вклучително и МААЕ, не е во позиција целосно да ја процени подземната штета во Фордоу. Со оглед на користениот експлозив и екстремно чувствителната природа на центрифугите на вибрации, се очекува да се случила многу значајна штета.Иран ја информираше МААЕ дека нема зголемување на нивоата на зрачење надвор од локацијата на сите три локации. Продолжуваме да ја следиме ситуацијата , изјави Рафаел Гроси, генарен директор на МААЕ.
Иран од своја страна тврди дека нападите немале значителен ефект. Вашингтон одлучи да ја уништи диполматијата, порача иранскиот амбасадор во ОН и најави пропорицонален одговор додека Иран ги засили нападите врз Израел, по што без струја останаа над 8 илјади луѓе.
„Времето, природата и обемот на пропорционалниот одговор на Иран ќе бидат одлучени од неговите вооружени сили. Низ историјата, отпорната и обединета иранска нација издржала подлабоко ранети и се соочила со пожестоки непријатели. И овој пат, исто така, ќе го покаже своето достоинство, сила и величина пред светот- Амир Саеид Иравани, амбасадрот на Иран во ОН
Доколку Техеран не склучи мир, Трамп предупредува на нови напади, па дури и алудирира на промена на режимот.
„Не е политички коректно да се користи терминот „промена на режимот“, но ако сегашниот ирански режим не е во состојба повторно да го направи Иран голем, зошто да не се случи промена на режимот?“ напиша Трамп на својот профил.
Рускиот претсдетел Путин утрово се сретна со шефот на иранската дипломатија Аракчи во Моксва, Путин вети помош за иранскиот народ, без да откртие детали.
„Оваа апсолутно неиспровоцирана агресија против Иран нема никаква основа и никакво оправдување. Од наша страна, ние вложуваме напори да му помогнеме на иранскиот народ. Многу ми е мило што денес сте во Москва„
Случувањата на Блискиот Исток во фокустот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел каде доминираа пораките да се избегне ескалација и Техеран да се врати на преговарачка маса со Вашингтон за спорната нуклеарна програма.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар