Loading Video...
Спорт плус
15. July 2019 - 14:32

Русите втор пат ја освојуваат Светската лига на нации

Одбојкарите на Русија втор пат ја освојуваат Светската лига на нации
 
Во финалето на годинашното издание на  ова натпреварување што се играше во Чикаго, одбојкарите на Русија не само што го издржаа притисокот на домашната публика туку и го надиграа фаворизираниот американски тим 
 
Русите забележаа победа со 3:1 во сетови препуштајќи им го само вториот сет на Американците со 20-25, додека останатите три го добија со 25-23, 23-21 и 25-20. 
 
Ова е втор триумф по ланскиот во Лил за руските одбојкари кои покрај трофејот и златните медали заработија и парична награда од 1 милион долари. 
 
Во мечот за 3.место, Поска со максимални 3:0 во сетови го победи Бразил.